Не смеат на стадион, но фановите на ПСЖ го „запалија“ Париз (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд вечерва на „Паркот на принцовите“ ќе се игра без присуство на публика поради строгите мерки за безбедност од коронавирусот. Навивачите на францускиот првак не смеат да бидат на стадионот, но затоа го „запалија“ Париз со факели и најавија дека ќе ги бодрат фудбалерите однадвор.

Се вчитува...