Џон Мекинро изнесе интересно мислење, каде што го анализираше неодамнешниот УС Опен. Една од темите на разговор беше фантастичниот меч во кој Бен Шелтон го победи Карлос Алкараз.
Со оглед на тоа што има 23 години и веќе освоено седум гранд-слем титули, Алкараз со право може да се надева дека ќе ги достигне споменатите великани, при што веројатно полесно ќе му биде да го стигне Федерер (кој има 20 гранд-слем трофеи) отколку Ѓоковиќ (кој има 24).
„Една од причините поради кои сметам дека за Алкараз ќе биде многу тешко да им се приближи на Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ во однос на бројот на освоени гранд-слем титули, е фактот што постојат силни играчи како Шелтон, кои можат да играат неверојатнои буквално да му го исфрлат рекетот од рацете на Карлос со својата сила“, изјави Мекинро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
