Недановски: Вардар ќе биде подобар како одминува сезоната

Ракометниот шампион на Македонија со пораз на гостувањето кај Татран Прешов 27-23 во првиот натпревар од најновото издание на СЕХА лигата. „Вардарци“ поставија неславен рекорд и по 13 натпревари конечно доживеаја пораз од словачкиот шампион.

Тренерот на „црвено-црните“ Владо Недановски по мечот вели дека и покрај поразот верува дека неговиот тим ќе биде подобар како ќе одминува сезоната.

„Заслужена победа за Татрани морам да им честитам за тоа. Многу наши играчи неодамна се вратија од СП. Покрај тоа, морам да бидам искрен и да кажам дека одбраната на Татран 5-1 не изненади денеска. Кога ќе го додадете неверојатниот Чуприна во равенката и неговите 15 одбрани, тоа е клуч за победа. Добра работа е што ова беше само првиот натпревар во сезоната и знаеме дека ќе бидеме подобри како што ќе минуваат деновите. Мораме да се фокусираме и на нападот и на одбраната и да го направиме тоа брзо со следниот меч во СЕХА“, изјави Недановски. 

Слично размилува и капитенот Стојанче Стоилов….

„Во основа се уште сме во подготвителен период со многу играчи кои се враќаат од репрезентативните обврски. Нашиот тим е сосема поинаков од минатата сезона и мораме да бидеме искрени и да кажеме дека не се претставивме добро вечерва. Чуприна беше извонреден меѓу стативите, но искрено, не изгледаме како што треба да изгледа тимот во вториот дел од сезоната. Сигурно ќе научиме од овој пораз. Татран едноставно повеќе ја сакаше победата и мораме да им честитаме на заслужениот триумф“, изјави Стоилов. 

Се вчитува...