Недељковиќ од Силекс потпиша за Пегасус од Хонг Конг

И покрај тоа што се спомнуваше претходно негова преселба во еден од двата најдобри македонски клубови, Вардар или Шкендија, српскиот интернационалец од редовите на Силекс, Игор Недељковиќ својата кариера ќе ја продолжи во редовите на прволигашкот од Хонг Конг, Пегасус.

Недељковиќ се одлучи да потпише едногодишен договор со Пегасус, како можност потоа за преселба во некоја од најсилните азиски лиги, кинеската, јапонската или јужнокорејската.

Силекс, пак, како што е познато за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига се засили со десет нови имиња меѓу кои и Бразилецот Антонио Маркос Жуниор – Тони кој беше и стрелецот на голот за кратовци на пријателскиот дуел против Скопје кој заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...