Недев во Лондон се сретна со Ентони Џошуа

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев изминатите три дена учествуваше на семинар во Лондон каде се сретна и се запозна со актуелниот светски шампион во професионален бокс и олимписки шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа.

„Недев со Џошуа разговараше на неколку теми, пред се за постигнатите врвни резултати во боречките спортови, бокс и карате. На крајот од разговорот го покани Џошуа да ја посети Македонија“, информираат од МТКФ.

Во текот на престојот во Лондон, Дејан Недев во неколку клубови одржа предавања и презентации на вештините на традиционалното карате.

Се вчитува...