Недопирлив: Надал стигна до 11. круна во Монте Карло

Рафаел Надал уште еднаш покажа зошто го има епитетот „тениски крал на земјена подлога“, откако без многу мака го збриша и Кеи Нишикори во финалето во Монте Карло, совладувајќи го Јапонецот со 6-3, 6-2. Со тоа, Надал ја продолжи својата доминација на омилениот Мастерс-турнир, со оглед на фактот дека денешниот трофеј беше 11. за Шпанецот од натпреварувањата во „малото кнежевство“.

Нишикори направи брејк на самиот почеток и поведе со 2-1, имаше и сервис, но тоа беше се што јапонскиот тенисер успеа да стори, Надал влезе во серија и набрзина го доби сетот со 6-3. Потоа следеше рано водство на Нишикори од 1-0 на стартот од вториот сет, па нова серија на Надал за очекувана победа на првиот светски рекет, кој со овој трофеј се задржа на чело на АТП-листата пред Роџер Федерер.

Се вчитува...