Недовиќ: Јас завршив со репрезентацијата на Србија

Кошаркарот на Црвена звезда, Немања Недовиќ по дуелот со Мега изјави дека неговата репрезентативна кариера е завршена. Како што истакна по поразот во 24. коло од АБА лигата (89-83), прв во историјата во дуелите со Мега, таа одлука ја донел минатото лето.

Тогаш Недовиќ ненадејно го известил селекторот Светислав Пешиќ дека нема да биде дел од тимот што ќе игра на Муднобаскетот по враќањето од „Акрополис купот“ што се играше во Атина. Оттогаш тој не беше меѓу поканетите на репрезентативни собири, а причините за повлекувањето на Недовиќ беа од приватен карактер.

„Завршив со репрезентацијата минатото лето за време на подготовките за Светското првенство. Моето тело веќе не можеше да го издржи дополнителниот напор, бидејќи ми треба се повеќе време за да се регенерирам. Годините не се намалуваат туку само се зголемуваат, исто така и сезоните се подолги, едвај чекам одмор. Ако дел од тој период и посветам на репрезентацијата, ќе дојде момент кога веќе нема да можам“, изјави Недовиќ.

Се вчитува...