Шпанскиот интернационалец Алваро Негредо е на чекор до заминување од турскиот клуб Бешикташ. Тој влезе во преговори со Ал Наср од ОАЕ, кој му понуди годишна плата од 7 милиони евра за да пресели во Дубаи.
Преодниот рок во првенството на Обединетите Арапски Емирати трае до 2.октомври, а раководството на Ал Наср се надева дека ќе успее да го убеди Негредо да го облече нивниот дрес. Тренерот Иван Јовановиќ инсистира да добие квалитетен напаѓач во наредните две седмици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА