Бразилскиот ас Нејмар би можел да добие голема суспензија за инцидентот што го предизвика на синоќешното дерби против Олимпик Марсеј (0-1) на „Паркот на принцовите“. Тој во завршницата тргна физички да се пресметува со противничкиот дефанзивец Алваро Гонзалес. За оваа постапка казната може да биде од 4 до 7 натпревари неиграње.
Нејмар сигурно нема да настапи на следниот меч од првенството на Франција против Мец в среда, а Дисциплинската комисија на Лигата до крајот на оваа седмица ќе треба и дефинитивно да одлучи колку натпревари ќе мора да паузира ѕвездата на Пари Сен Жермен.
На мечот меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј беа доделени вкупно пет црвени картони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА