Нејмар, Ди Марија и Паредес позитивни на Covid-19

Европскиот вицепрвак Пари Сен Жермен се соочува со нови проблеми со коронавирусот. Клубот објави дека тројца фудбалери имале позитивни тестови на Covid-19, а влијателниот “Л’Екип” ги откри и имињата. Првата ѕвезда, Бразилецот Нејмар, и двајцата Аргентинци, Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, се покажале позитивни на коронавирусот на последното тестирање.

Интересно е дека сите тројца дел од летниот одмор по завршувањето на Лигата на шампионите го минале на Ибица. Се претпоставува дека таму и имале близок контакт со заболени од Covid-19, по што и тие заболеле. Според првичните информации, сите тројца фудбалери немаат силни симптоми и се чувствуваат добро.

Се вчитува...