Нејмар доби свирежи од цел стадион, а потоа со само еден потег – пресврт (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил во пријателски натпревар славеше против Саудиска Арабија со 2-0, па сега ги чека пресметката со Аргентина.

Избраниците на Тите со половина сили си ја одработија задачата против С. Арабија без проблеми стигнувајќи до триумфот. Но, во фокусот на навивачите на Саудиска Арабија беше Нејмар кој имаше интересна „пресметка“ со нив.

При изведување на еден корнер Нејмар доби свирежи од целиот стадион, но кога Нејмар им врати со аплауз навивачите вратија со иста мерка… Само неколку секунди по свирежите целиот стадион со аплаузи го награди најскапиот играч во историјата.

Се вчитува...