Нејмар: Единствено жалам што не го удрив тој с*рко в лице!

Пари Сен Жермен го загуби дербито против Олимпик Марсеј со 0-1 што е втор неуспех од стартот на првенството за францускиот првак. Бразилецот Нејмар беше исклучен во самиот финиш по жестоката пресметка со противничкиот дефанзивец Алваро Гонзалез, а не можеше да се смири уште долго по мечот.

„Единствено жалам што не го удрив тој с*ерко в лице. Го заслужи тоа. Ме провоцираше и расистички ме навредуваше“, изјави Нејмар.

Алваро успеа да се извлече и да не добие црвен картон, а покрај Нејмар исклучувања добија и Курзава и Паредес од тимот на ПСЖ, како и Амави и Бенедето од составот на Олимпик Марсеј.

Се вчитува...