Нејмар и Реал: Интензивни преговори во Бразил, се крчка новиот супер-трансфер!

Европскиот првак Реал Мадрид има сериозна намера да го реализира мега-трансферот на Бразилецот Нејмар од „Паркот на принцовите“ на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. Како што открива „Марка“, весникот кој е одлично информиран за случувањата во „кралскиот клуб“, преговорите се веќе во интензивна фаза. Претставници на Реал Мадрид изминатиов месец два пати биле на директни разговори со Нејмар и со неговиот татко кој е во улога на агент, што навестува дека летово би можел да се случи нов спектакуларен трансфер во кој ќе биде вклучен бразилскиот ас.

Нејмар минатото лето за сума од 222 милиони евра постави нов рекорд за најскап трансфер во историјата на фудбалот, а сега би можел да го урне и да постави нови височини со неверојатен трансфер од околу 300 милиони евра. Наводно, ПСЖ бара уште поголема отштета, од фантастични 400 милиони евра, а адвокатите на Реал Мадрид интензивно ги разгледуваат евентуалните „дупки“ во неговиот договор со францускиот клуб.

 

Се вчитува...