Нејмар ја тужи Барса, Барса го тужи Нејмар…

Нејмар летово ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ, но зад разделбата остана и нерасчистени долгови и судски спорови. Иако пред неколку години Бразилецот изјавуваше дека Барселона му е најголема љубов, а од клубот се надеваа дека тој доживотно ќе остане на „Камп Ноу“, на крајот на приказната, завршија на суд.

Нејмар официјално поднел тужба против Барселона и од каталонскиот клуб бара 27 милиони евра по основ на бонус за верност бидејќи во 2016 година потпишал нов договор, и на тоа уште три милиони евра камата за неисплатената сума. Бразилецот пред две години го продолжи договрот со Барса до 2021 година, а десет месеци подоцна замина во ПСЖ за 222 милиони евра.

Според шпанските медиуми, Барселона на неговата тужба одговорила со противтужба според која од Нејмар бара да врати 65 милиони евра од дотогаш исплатените бонуси од првиот и од вториот договор и уште 10 милиони евра отштета за кршење на договорот.

Тужбите се најавени уште во август минатата година кога Нејмар замина во Франција, а сега и официјално се предаден во судот. Но, според најавите, од исплатите нема да биде ништо бидејќи спорот најверојатно ќе заврши со спогодбен договор, односно, едната тужба автоматски ќе ја поништи другата.

Се вчитува...