Нејмар категорично за новата понуда: Да, да, да…

Бразилецот Нејмар од следната сезона сосема извесно повторно се враќа во Барселона. Каталонскиот клуб веќе се договорил со ПСЖ, а потврда на трансферот и позитивен одговор за понудата дал и Нејмар.

„Да, да и да. Нејмар потврди дека сака назад во Барселона“ – пишува каталонски „Спорт“.

Нејмар во јули 2017 година го напушти „Ноу Камп“ и се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра. Цената сега е нешто помала. Таа сега изнесува 150 милиони евра, но Барселона е подготвена да понуди и размена на фудбалери во која би биле вклучени Дембеле и Кутињо.

Се вчитува...