Нејмар му донесе реми на Бразил…. (ВИДЕО)

Бразил и Колумбија одиграа без победник, 2-2, на пријателскиот натпревар кој се играше на „Хард рок“ стадионот во Мајами.

Во прв план на мечот беше враќањето на Нејмар на теренот. Токму Нејмар во 19. минута нафрли од корнер а Кашемиро стрелаше за водство од 1-0 на Бразилците. Но, Колумбија дојде до пресврт со головите на Муриел во 25. минута од пенал и во 34. минута. Бразил израмни во 58. минута со погодокот на Нејмар…

Покрај овој натпревар синоќа беа одиграни уште два пријателски натпревари.

Мексико убедливо славеше со 3-0 против САД, додека Костарика на свој терен загуби од Уругвај со 1-2.

Се вчитува...