Нејмар направи спонзорски трансфер вреден 23 милиони фунти (ФОТО)

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар направи шокантен трансфер и од „Најк“ премина во „Пума“ потпишувајќи спонзорски договор вреден 23 милиони фунти што е највисокиот договор за спонзорство што го има некој спортист воопшто. Нејмар имаше поддршка од „Најк“ уште од неговата 13-та година. Договорот го раскина две години пред истекот.

Со овој тој го надминува Лео Меси кој има спонзорство од „Адидас“ вредно 18 милиони фунти додека Роналдо е под договор со „Најк“ кој му носи 15 милиони фунти. Висината на договорите чија должина е непозната ја отрки магазинот Форбс. Соработката меѓу Нејмар и „Пума“ беше објавена под логото „Кралот се врати“.

 

Се вчитува...