Нејмар нема да оди во затвор

Нејмар ќе мора да се појави на суд во случајот за наводната корупција и нерегуларности при трансферот од Сантош во Барселона, но адвокатите на Бразилецот се оптимисти дека ќе успеат да ја докажат невиноста на својот клиент. Обвинети во случајот се актуелниот претседател на Барса, Хозеп Марија Бартомеу, поранешниот претседател Сандро Росел, родителите на Нејмар, како и самиот фудбалер, поради формирање на мрежа со која се затскриени дел од приходите на трансферот, а со самото тоа подоцна е дојдено до даночно затајување. Покрај тоа, компанијата ДИС, која поседувала 40% од правата врз фудбалерот, била изиграна и добила помал процент од трансферот поради скриената исплата на дел од парите. ДИС се жали и дека имале договорено поскап трансфер во Реал Мадрид, што бил одбиел за Нејмар за помала сума да се пресели во Барселона.

Обвинителството бара затворска казна, Врховниот суд ја отфрли жалбата на фудбалерот и нареди да се отпочне со судење, но адвокатската куќа „N & N Consultoria“ смета дека не постои никаква опасност Бразилецот да заврши зад решетки.

Нејмар нема да биде уапсен, ниту пак ќе оди во завор. Причината е едноставно – не е направен криминал. Секој спортист има свое право да одреди каде ќе игра, без разлика на финансиските услови што му се понудени, па и да игра во клуб за помалку пари од сумата што му ја понудил некој друг тим“ – се вели меѓу другото во соопштението на „N & N Consultoria“.

Дел од работата на адвокатите е да внесат оптимизам кај своите клиенти, но јасно е дека Бразилецот го очекува тешка правна битка.

Се вчитува...