Нејмар: Побудалев од коронавирусот

Бразилецот Нејмар јавно призна дека деновите минати во карантин влијаеле многу на неговата психологија. Му недостасуваат групните тренинзи со соиграчите од Пари Сен Жермен, а седењето дома го побудалува.

„Ми недостига многу фудбалот, мислам дека побудалев седејќи дома. Верувам дека фудбалот и натпреварите многу им недостигаат и на навивачите, сите едвај чекаме повторно да играме. Се надевам и дека брзо ќе биде донесена таква одлука, тоа сепак не е во домен на фудбалерите. Станав анксиозен, ќе треба време за да се вратиме во нормална состојба, а фудбалот за сите ќе биде добар лек“, вели Нејмар.

Бразилецот пред да бидат изречени строгите мерки во Франција успеа да замине во родната земја, каде ужива во благодетите на куќата вредна 8 милиони евра. Но, и тоа не може на Нејмар да му го замени фудбалот.

Се вчитува...