Нејмар позираше гол и собираше „лајкови“

Честитка за своите обожавателки за Денот на вљубените или најава за осминафиналниот дуел во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСЖ, како и да е, Нејмар одбра оригинален начин повторно да биде во центарот на вниманието. Бразилецот снимаше реклама на која позира гол, прекриен само со крпа дизајнирана од Марио Тестино.

Голата фотографија фудбалерот на ПСЖ ја сподели на Инстаграм и собра 3 милиони „лајкови“ и над 110 илјади коментари. Еден од оние што коментиораа беше Рафињо кој го прашува дали некој му го хакирал профилот?!

Освен со оваа фотографија, Нејмар на социјалните мрежи се пофали и со новата тетоважа – трофеј од Лигата на шампионите што ја освои во 2016 година со Барселона!

Се вчитува...