Нејмар стана првиот играч во Бразил кој мораше да го напушти теренот на една минута поради новото правило против одолговлекување на играта.
Во 23. коло од бразилското првенство, Сантос го победи Васко де Гама на гости со 3-0 и се извлече од зоната за испаѓање. Головите ги постигнаа Габигол, Вилијан Арао и Луан Перез, а Нејмар учествуваше со асистенции за два гола.
Сепак, ситуацијата во која Нејмар мораше да го напушти теренот привлече најголемо внимание.
Голманот на Сантос, Габриел Бразау, побара медицинска помош, а судијата процени дека прекинот е поради одолговлекување на игра.
Бидејќи Нејмар е капитен, тој беше оној кој мораше да го напушти теренот и да почека една минута пред да се врати во игра.
🇧🇷 Nowa zasada weszła w życie na boiskach Serie A. Bramkarz Santosu Brazao potrzebował pomocy medycznej, więc boisko na minutę musiał opuścić kapitan – Neymar. pic.twitter.com/EACE2PAsu4
— Mateusz (@matejaPL) August 16, 2026
Новото правило предвидува дека, кога на голманот му се помага на теренот, тренерот мора да одреди играч кој привремено ќе го напушти теренот. Доколку тоа не го стори во рок од десет секунди, капитенот автоматски излегува.
Исто така, постојат исклучоци, меѓу другото во случај на повреда на голманот по фаул, судир со противнички играч или крварење.
За Сантос, победата беше исклучително важна. Тимот предводен од Кука сега има 25 бода од 22 натпревари и моментално е надвор од зоната за испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
