Нејмар: Сакам и на Копа Америка и во Токио, но прашајте го ПСЖ

Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека следното лето сака да игра и на Копа Америка и на ЛОИ во Токио, но вели дека за тоа се прашува и неговиот клуб, францускиот Пари Сен Жермен.

„Во форма сум. Со ќеиф би играл и на Копа Америка и на ЛОИ во Токио. Меѓутоа мислам дека е малку компликувано, прашајте го ПСЖ. Минатиот пат кога бев во Барселона, не ми дадоа да играм на двата турнира. Се надевам дека ќе можам да му помогнам на Бразил“, изјави  Нејмар. 

Копа Америка ќе се игра во Бразил во периодот од 12. јуни до 12. јули, а фудбалскиот турнир на ЛОИ во Токио почнува на 22. јули.

Се вчитува...