Нејмар се откажува од Бразил пред Копа Америка!

Нејмар ќе ја шокира бразилската фудбалска јавност повлекувајќи се од репрезентацијата на помалку од десет дена пред почетокот на Копа Либертадорес. Ова денеска го најави потпретседателот на Бразилската Фудбалска Конфедерација, Франческо Новелето, потенцирајќи дека Нејмар не е во состојба да се фокусира на фудбал поради сериозните обвинувања за силување и судскиот случај покренат против него.

„Она што јас го знам е дека Нејмар нема да игра на Копа Америка. Тој веќе има подготвено нова видео порака со која ќе ги соопшти своите причини, но верувам дека тие се сосема јасни за нас. Оние кои ќе играат за Бразил мора да бидат максимално сконцентрирани и посветени, а со Нејмар тоа никако не може да биде случај поради проблемите со кои се соочува“ – истакна Новелето за бразилските медиуми.

„И да сака да игра и да се обиде да се фокусира, тоа ќе биде невозможно. Ќе има стотици новинари кои ќе го прашуваат илјадници прашања што немаат врска со фудбалот и со тоа ќе ја нарушат целосно атмосферата во нашата репрезентација“ – додаде Новелето.

Бразил е домаќин на Копа Америка и досега важеше за прв фаворит за трофејот, но јасно е дека отсуството на Нејмар ќе му донесе сериозни главоболки на селекторот Тите.

 

Се вчитува...