Бразилецот Нејмар изминатово лето силно посакуваше да се врати во Барселона, но по бројни преговори ПСЖ на крајот се откажа од неговата продажба.
Нејмар летото 2017 година се пресели од Барса во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но очигледно виде направил грешка. А, не се раздели баш најдобро со каталонскиот клуб. Веднаш по заминувањето уште и ја тужеше Барселона за неплатен бонус за „лојалност“ во износ од шест милиони евра. Судот одлучи во корист на Барселона.
Каталонците одбиваат да платат затоа што Нејмар го напуштил клубот само неколку дена откако се активирала неговата клаузула за лојалност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА