Нејмар со емотивна порака до Меси која би ја напишал секој што вистински го сака фудбалот

За нешто повеќе од час и половина, Лионел Меси ќе го започне „последното танго“ во дресот на аргентинската репрезентација, а емотивна порака пред мечот му испрати поранешниот соиграч од Барселона и ПСЖ, Нејмар.

Тој на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, за последен пат со капитенската лента ќе ја предводи Аргентина против Бенин.

Нејмар пред дуелот му испрати порака на Меси која секој фудбалски фан би ја „потпишал“.

„Сите кои го сакаат фудбалот уживаа гледајќите во сите овие години. Вечерва го играш последниот натпревар во дресот на Аргентина и се надевам дека ќе уживаш. Се надевам дека сите денешни зборови на благодарност и респект ќе те направат среќен. Не ти се заблагодарува само Аргентина туку целиот свет за тоа што го направи за фудбалот. Ти благодарам што направи уште повеќе да го засакам фудбалот. Ми беше чест да игра прптив тебе, а уште поголема чест да играм покрај тебе и да испишувам историја. Ти благодарам Лео Меси“, му порача Нејмар на Меси.

 

 

 

 

Се вчитува...