Нејмар со порака по поразот

Отсуството на Нејмар беше една од главните причини за потпросечното издание на ПСЖ и поразот претрпен од Реал Мадрид, што донесе нова елиминација на францускиот гигант од Лигата на шампионите. Поранешниот ас на Барселона се наоѓа во Бразил, каде се рехабилитира од тешката повреда, а веднаш по поразот преку своите профили на социјалните мрежи испрати и порака до своите соиграчи.

„Тажен сум поради поразот и многу потажен што не бев на теренот да им помогнам на соиграчите. Она што ме прави горд е карактерот и напорот што сите го вложија. Напред, Париз“ – порача Нејмар.

Се вчитува...