Некогаш Реал не можеше без него, а сега ќе бара спас на кариерата во САД

Екипата на Лос Анџелес Галакси, наскоро ќе почне преговори за ангажман на фудбалерот од средниот ред Иско. Поранешниот шпански репрезентативец ќе бара спас на кариерата во САД, пишува „АС“.

Иско пред неколку дена го раскина договорот со Севилја, откако имаше несогласувања со спортскиот директор Мончи. „АС“ наведува дека покрај Галакси, за Иско има интерес и од неколку клуба од Шпанија и Англија.

30-годишниот Иско претходно играше за Реал Мадрид, Малага и Валенсија. Во еден момент беше во голема форма, што Реал Мадрид не можеше без него. Тоа беше во 2017 година, кога Иско „царуваше“ и на УЕФА Супер-Купот во Скопје, кога беше прогласен за играч на натпреварот во победата над Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...