Некои нови лејкерси – петта победа во низа, уште еден трипл-дабл на Дончиќ

Лос Анџелес лејкерс повторно заличува на тим за високи дострели откако „езерџиите“ го надминаа катастрофалниот старт на сезоната и успеаја да врзат пет победи во серија. Рано утрово тие славеа на гостувањето против Сакраменто со 134-136, за продолжување на триумфалната серија и приближување до местата на табелата кои значат пласман во плејофот. Леброн Џејмс предводник и во овој голем триумф, постигнувајќи 37 поени, осум скокови и седум асистенции, а огромна помош доби од Брајант, кој реализираше 29 поени и 14 скокови, додека Шредер постигна 27 поени за победничкиот тим.

Далас го доби дерби-дуелот на Западната конференција против Њу Орлеанс со 127-117, уште еден натпревар во кој блесна Лука Дончиќ. Словенецот стигна до својот деветти трипл-дабл сезонава реализирајќи 34 поени, 10 скока и 10 асистенции во триумфот што беше осигуран уште во првата четвртина што Далас ја доби со 34-15, потоа одржувајќи го двоцифреното водство до самиот крај.

Шампионот Голден Стејт претрпе нов пораз, овојпат на домашен терен од Орландо со 101-115. Неиграњето на Кари се покажува како сериозен проблем, ова беше прв домашен пораз на „воините“ од Орландо во последните десет години, со што Голден Стејт падна на деветтото место во Западната конференција.

Резултати НБА:

Сан Антонио – Бостон 116-121, Чикаго – Јута 126-118, Далас – Њу Орлеанс 127-117, Голден Стејт – Орландо 101-115, Сакраменто – ЛА Лејкерс 134-136.

Се вчитува...