Нема бајка без среќен крај: Кирјос и Кокинакис победија во финалето на АО

Ник Кирјос и Танаси Кокинакис победија на Отвореното првенство на Австралија во двојки откако ги победија Метју Ебден и Марсел Пурсел со 7-5, 6-4 во финалето.

Првиот сет беше многу тежок, без можности за лесни поени. Тогаш Ник и Танаси притиснаа, ја подобрија концентрацијата и одиграа супериорно за освојвуање на првиот сет.

Слично на првиот, вториот сет се играше поен за поен, кога Кирјос и Кокинакис врзаа неколку поени во низа, а потоа и успеаа да го добијат сервисот на противникот за победа во големото финале на АО.

Кирјос и Кокинакис со оваа победа заработија 675.000 американски долари, додека вицешампионите ќе се задоволат со 360.000 долари.

 

 

 

Се вчитува...