Нема да вози, ама ќе биде „газда“ – Алонсо купува акции во Мекларен

Фернандо Алонсо на почетокот од наредната години влегува во сопственичката структура на Мекларен. Двојниот светски шампион се откажа од Формула 1, но ќе продолжи да работи со англискиот тим во подготовките за нивниот влез во Инди 500 серијата. Според шпанските медиуми, Алонсо откупил дел од акциите на Мекларен, а во среда ќе биде и неговото официјално претставување во новата улога во тимот.

Засега нема детали од колкав размер ќе биде инвестицијата на Шпанецот, но претпоставките се дека сумата ќе биде најмалку 200 милиони евра. Оваа деловна зделка ја потврдува силната врска меѓу Алонсо и шефот на Мекларен, Зек Браун што пак ќе резултира и со потенцијално вклучување на томот во трката „24 часа Ле Ман“.

Алонсо веќе најави дека ќе учествува во претсезонските тестови на Мекларен за 2019. Освен тоа и компанијата Кимоа која го спонзорираше Мекларен во 2п018 година, ќе го продолжи шпартнерството со тимот.

Се вчитува...