Нема дилема – Димарко останува во Интер

За раководството на Интер нема никаква дилема, Федерико Димарко е меѓу најзаслужните што скудетото е на дофат на „нероаѕурите“ и левиот бек сигурно ќе остане дел од овој италијански гигант и во годините што следат.

Актуелниот договор на италијанскиот репрезентативец со Интер истекува во јуни 2027 година, но клубот ќе ја искористи клаузулата со која може да го продолжи договорот за уште една дополнителна година. Со тоа, Димарко летово ќе има  договор до јуни 2028 година, но „нероаѕурите“ не планираат да застанат тука, туку ќе му понудат на дефанзивецот дополнително продолжување на соработката.

Димарко моментно заработува четири милиони евра годишно во Интер, а челниците планираат да му понудат 5,5 милиони евра по сезона, плус бонуси за секој освоен трофеј.

Кај самиот фудбалер постои желба да остане во Милано, па се очекува преговорите да бидат финиширани успешно во текот на летово или најдоцна на почетокот од новата сезона.

Се вчитува...