Нема договор: Смолинг се враќа назад на „Олд Трафорд“

Крис Смолинг нема да го продолжи престојот во Рома откако италијанскиот прволигаш не успеа да постигне договор со Манчестер Јунајтед за целосно откупување на искусниот дефанзивец. Смолинг беше член на „волчицата“ откако пристигна на едногодишна позајмица и целосно ги оправда очекувањата наметнувајќи се како лидер на одбраната кај тренерот Фонсека.

Стратегот на Рома бараше Англичанецот да остане на „Олимпико“, но управата на римскиот калчолигаш не се договори со „црвените ѓаволи“. Англискиот клуб инсистираше на целосен откуп на договорот за отштета од 20 милиони евра, римјаните бараа нова позајмица, а откако стана јасно дека не може да биде најден заеднички јазик преговорите и дефинитивно беа прекинати.

Ова значи дека Рома ќе мора да се фокусира на потрага на нов дефанзивец за наредната сезона, а во меѓувреме Фонсека ќе се соочи со огромен проблем бидејќи нема да може да смета на Смолинг во завршницата од Лигата на Европа.

Се вчитува...