Нема долго да биде резерва: Голманот на Челси се сели во Италија

Само еден ден откако Емилијано Мартинез потпиша за Челси, и веднаш застана меѓу диреците на својот нов тим, доскорашниот прв голман на тимот Роберт Санчез е пред заминување.

Според информациите, тој ќе треба да го комплетира трансферот во членот на Серија „А“, тимот на Комо, кој настапува и во Лигата на шампионите.

Врските кои Сеск Фабрегас ги има со својот поранешен клуб, може да помогнат во преговорите. Договорот ќе биде позајмица на една сезона, а потоа можност и да биде откупен.

Санчез во 2023 година дојде во Челси од Брајтон, и стана стандарден првотимец на „сините“, но по доаѓањето на Мартинез, јасно беше дека ќе го загуби местото и затоа овој потег го натера на заминување.

Се вчитува...