Нема Ф4 за Кире Лазаров: Барселона подобра од Нант и во вториот меч

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров нема да биде дел од Ф4 турнирот во Келн откако се елиминирани со Нант од Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Каталонскиот тим славеше и на  втората средба, овојпат со 29-26 (17-14), откако во првата средба во Франција, пак, беше подобар победувајќи со 25-32.

Македонскиот ракометар натпреварот во Барселона го заврши со три погодоци од осум обиди.

Последните два патника за Келн ќе бидат познати утре. ПСЖ го пречекува Кијелце, а македонскиот шампион Вардар е на чекор од фајнлфор завршницата откако во првата пресметка славеше убедливо против унгарски ПИК Сегед.

Се вчитува...