Нема интерес: Празни трибините на дуелот Македонија – Финска

Нема интерес за пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Финска. Трибините на Националната Арена „Филип Втори“ се празни. Има едвај 2.000 гледачи, од кои повеќето се на северната трибина.

Македонија не памети кога последен пат играла на вакви празни трибини. На јужната трибина има едвај 500 гледачи. Билетарата пред натпреварот беше сосема празна, никој не купуваше билети за мечот.

Очигледно дека сите со нетрпение го очекуваат почетокот на Мундијалот, па вакви натпревари не се во преден план. Но, вака нема да биде сигурно на квалификациските мечеви кога ќе дојдат Англија, Италија…

Се вчитува...