Нема конкретна понуда – Барди останува во Леванте

Енис Барди најверојатно и во следната сезона ќе го носи дресот на Леванте, откако шпанскиот прволигаш обелодени дека не добил официјална понуда за македонскиот репрезентативец. Арсенал делуваше загреано за Барди, се шпекулираше со понуда од 20 милиони фунти, но техничкиот секретар на Леванте, Давид Наваро, обелодени дека покрај првичниот интерес ниту еден од потенцијалните клубови не испратил официјална понуда за Македонецот.

Во Леванте на македонскиот ас гледаат како на еден од лидерите на тимот и не размислуваат за негова продажба.

Барди, Кампања и Аитор Фернандез, тоа се тројца фудбалери што се фундаментални за нашиот тим. Немаме понуда ниту за Енис ниту за останатите двајца играчи. Среќни сме што тие се под договор со нас и очекуваме да го носат дресот на Леванте и во новата сезона“, изјави Наваро за шпанските медиуми.

Во однос на ланските првотимци се очекува да си замине само Борха Мајорал, кој би требало да го наследи Родриго во нападот на Валенсија.

Се вчитува...