Нема крај на бруката на Фенербахче: Веќе во зоната и за испаѓање (ВИДЕО)

Нема крај на бруката на Фенербахче во шампионатот на Турција. Во 15. коло, Фенер допре ново дно со поразот од Акхисарспор од 3-0 по што дојде и до зоната на испаѓање.

Катастрофалните игри на тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не престануваат. Домашните поведоа со голот на Бокила во 26. минута, Ману зголеми на 2-0 во 82. минута а тоталниот дебакл на гостите го заокружи Регатин во 95. минута…

По овој пораз Фенербахче е на 16. место на табелата со 14 бода, на позиција која води во понизок ранг на натпреварување.

Елиф Елмас го одигра целиот натпревар, притоа имаше и една убава шанса во првото полувреме, при 0-0, која не успеа да ја реализира.

Се вчитува...