Нема крај на драмата: Властите на Австралија повторно нашле причина за укинување на визата на Ѓоковиќ?

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, беше ослободен од австралискиот суд, и почна вчера да тренира, но на драмата никако да и дојде крајот. Алекс Хук, австрилскиот министер за имиграција, кој има право да ја укине визата на Ноле, и натаму не носи никаква одлука, а трпението кај Ѓоковиќ и својот тим полека се губи.

Според информациите од Австралија, Хук и натаму ја разгледува целата ситуација, а се очекува ниту денеска да не биде донесена никаква одлука.

Како што пренесува новинарката Карен Свини, федералната Влада нов адут за укинување на визата пронашла во патната декларација на Австралија, документ кој мора да биде пополнет пред да се дојде во Австралија.

Ѓоковиќ во тој документ навел дека не патувал никаде на друго место, 14 дена пред да слета во Австралија на 5. јануари. Меѓутоа се наведува дека е виден на терените во Србија на 25. декември, а потоа на 2. јануари наводно тренирал во Шпанија.

Според тоа, тој мамел дека не патувал, и поради тоа може да му биде одземена визата и да не настапи на Австралија опен. Во меѓувреме се очекува конечната одлука. Турнирот почнува на 17. јануари.

Се вчитува...