Нема крај на маките на Ѓоковиќ – Србинот останува и без милионите од главниот спонзор!

Најдобриот светски тенисер, Нова Ѓоковиќ, денеска пристигна во Белград по десетдневната сага околу влезот во Австралија и настапот на гренслем-турнирот во Мелбурн, каде што ќе се обиде да се одмори по стресниот период во кој двапати мораше во имиграциски притвор и да се појави пред суд, сето тоа без среќен епилог за него.

Србинот беше депортиран од оваа земја поради тоа што е невакциниран, иако претходно му беше даден медицински исклучок за настап на Австралија опен, како и виза за влез во државата, но тоа не е единствената лоша вест. Денеска дојде информација дека тој ќе мора да се вакцинира ако сака да игра на Ролан Гарос, а се соочи и со можноста да остане без главниот спонзор, компанијата за производство на облека „Лакост“.

„Австралиските власти ја укинаа визата на Новак и поради тоа, тој нема право на настап на турнирот во Мелбурн. Поради ваквиот развој на настаните, во првата следна прилика ќе стапиме во контакт со тенисерот за заедно да го анализираме сето ова што се случи“, се вели, меѓу другото, во соопштението од „Лакост“.

Се вчитува...