Нема крај на малерите: Пол Погба повторно се повреди

Францускиот играч од средниот ред Пол Погба, се повреди на тренинг на Монако во Англија. Откако се врати на терените по повредата на коленото, сега некогашниот фудбалер на Јувентус и на Манчестер Јунајтед.

Погба неодамна се врати на терените, но доживеа нова повреда за време на подготовките со неговиот тим на „Островот“.

За време на тренингот на „Сент Џорџс Парк“, Пол Погба го повреди левиот бут и мораше да го напушти теренот со помош на медицинскиот тим. Според „Нис-Матен“, играчот од средниот ред на Монако испуштил крик од болка пред да се струполи на земја за време на тренингот што вклучувал играње на мал терен.

Се вчитува...