Нема крај на проблемите за Реал: И Азар и Кашемиро позитивни на коронавирусот

Нема крај на проблемите за Реал Мадрид сезонава. „Кралскиот“ клуб соопшти дека нови двајца фудбалери се позитивни на коронавирусот по вчерашното тестирање во клубот.

Реал Мадрид потврди дека се заразени Еден Азар и Кашемиро кои веќе се во самоизолација, иако се без никакви симптоми.

Се очекува Азар и Кашемиро надвор од теренот да бидат најмалку десет дена. Во вистински момент доаѓа репрезентативната пауза, па се очекува да бидат подготвени за мечот против Интер во Лигата на шампионите кои се игра на 25. ноември на „Џузепе Меаца“ во Милано.

Се вчитува...