Со исфрлувањето на Саутемптон од плејофот поради скандалот со шпионирање, Пандорината кутија е отворена. А кога ќе се отвори, тоа повлекува бројни последици.
Иако го победи Мидлсбро во два натпревари на теренот и освои место во финалето на плејофот за влез во Премиерлигата, Саутемптон беше исфрлен поради аферата со шпионирање. Наместо тоа, местото во финалето му припадна на Мидлсбро, кој треба да се соочи со Хал во сабота на Вембли.
Саутемптон веднаш поднесе жалба на пресудата, која вклучува одземање на четири бода на почетокот на следната сезона. Сослушувањето за жалба е закажано за денеска бидејќи финалето ќе се игра веќе во сабота. .
Но, напаѓачот на Рексам, Џош Виндас, ја коментираше оваа ситуација на прилично интересен начин. Тој верува дека со оглед на пресудата дека Саутемптон направил прекршок достоен за исклучување од плејофот – целиот плејоф треба да се повтори, и наместо Саутемптон, во него би влегол неговиот тим, кој заврши прв под линијата.
Доколку тоа навистина се случи, полуфиналните двојки во плејофот би биле Мидлсбро – Хал и Милвол – Рексам. Освен клубот предводен од холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб МекЕлхени, Милвол, кој беше елиминиран од Хал во полуфиналето, би бил многу задоволен од овој исход.
Големото прашање е колку е реална оваа опција, но секако нема сомнение дека сме сведоци на еден од најголемите скандали во историјата на англискиот фудбал, кој би можел да има далекусежни последици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
