Нема крај за проблемите на Ливерпул, Клајн ќе паузира уште три месеци

Десниот бек на Ливерпул, Натаниел Клајн ќе го продолжи своето отсуство од терените уште три месеци, откако денес му е направена нова операција на грбот. Англискиот репрезентативец се мачеше со повредата од јули, иако минатиот месец  полека се опоравуваше и се врати со лесна тренажа, по неодамнешните прегледи препорачано му е да направи корекциски зафат за избегнување на понатамошни проблеми.

Клајн сезонава се уште е без настап за „црвените“ од Мерсисајд, а доколку неговото закрепнување се одвива според планираното, 26-годишниот дефанзивец би можел да се врати во составот на Клоп кон средината на фебруари.

Се вчитува...