Нема нови случаи на Ковид-19 во НХЛ лигата

Најсилната хокеарска лига во светот, НХЛ објави дека ниту еден хокеар не е позитивен на коронавирус. Од лигата соопштија дека досега се направени 4.265 теста на повеќе од 800 хокеари.

Само двајца хокеари беа позитивни во текот на првата седмица од тренинзите кои се одржаа од 13. до 17. јули.

Клубовите во неделата стигнаа во Торонто и Едмонтон каде ќе се одржи плеј-офот од НХЛ лигата. Сите учесници се сместени во карантин и ќе бидат тестирани секој ден.

Се вчитува...