Нема одложување: Премиер-лигата ги тера Тотенхем и Лестер да играат без оглед на корона-кризата

Премиерлигата веќе нема да одложува натпревари поради корона позитивни случаи во клубовите. Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс откри дека Премиерлигата одбива да го одложи дуелот на Лестер против Тотенхем, и покрај тоа што девет играчи нема да можат да настапат за Лисиците поради Ковид-19.

Премиерлигата ги отфрли барањата за одложување на понатамошни натпревари оваа недела поради порастот случаи заразени со Омикрон видот. Натпреварот на Манчестер Јунајтед на Брентфорд во вторникот беше откажан благодарение на избувнувањето на зараза во тимот на „црвените-ѓаволи“, а претходно беше одложен и дуелот меѓу Тотенхем Хотспур и Брајтон.

И со најновите бројки кои покажуваат рекордно високо ниво од 42 позитивни случаи низ лигата од Премиерлигата веќе не планираат да откажуваат натпревари.

Се вчитува...