Нема одмор за Венгер: По СП 2018, нова функција

Арсен Венгер има преголемо реноме во светскиот фудбал за долго да биде без ангажман по разделбата од Арсенал на крајот од сезонава. Тој веќе одби две мегапонуди од Кина, а во меѓувреме ПСЖ сакаше да му додели директорска улога, понуда што исто така беше одбиена бидејќи Венгер не сака да ја заврши својата тренерска кариера.

Според француските медиуми, желба на Венгер е во блиска иднина да седне на клупата на француската репрезентација, идеја за која искусниот стратег има поддрша од јавноста, но и од дел од актуелните репрезентативци. Дидие Дешамп ќе го води францускиот национален тим на СП во Русија, но доколку не успее да стигне овој стратег ќе ја напушти функцијата, по што истата ќе му биде понудена на Венгер.

Во меѓувреме, Арсенал ја продолжува потрагата по наследник на Венгер, откако преговорите со Луис Енрике се искомпликуваа, па сега како една од опциите се споменува и асистентот на Јирген Клоп во Ливерпул, Жељко Бувач.

Се вчитува...