Нема подобар момент: Меси стигна до „котата 500“ со Барса

Лионел Меси го постигна еден од најзначајните голови во својата кариера на вечерашното дерби со Реал Мадрид. Воедно, тоа беше и неговиот јубилеен 500. погодок во дресот на Барселона, уште една потврда за големината на еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња.

Бројките велат дека Лео Меси постигнал 343 гола за Барса во Примера, 94 во Лигата на шампионите, 43 во Копа дел реј, 12 во Супер-купот на Шпанија, пет на клупските мундијали и три на средбите од Супер-купот на Европа.

Севкупно, 500 гола за историја на аргентинскиот генијалец.

Се вчитува...