Нема полуфинале за Јотовски: Пораз од Чехот Неједли

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција.

Јотовски во четвртфиналната пресметка загуби во два сета од Чехот Павел Неједли со 1-6,2-6.

Во секој случај, македонскиот тенисер со пласманот во четвртфиналето на турнирот го чекаат нови АТП поени за напредок на светската ранг листа.

Се вчитува...