Винисиус ќе мора да ги пропушти следните четири натпревари во Ла Лига откако беше одбиена жалбата на Реал Мадрид по жестоката казна што му беше изречена на напаѓачот на „кралевите“ на последниот дуел со Виљареал.
Бразилецот беше казнет со два меча за црвениот картон и уште два натпревари поради навредите упатени кон судијата при напуштањето на теренот, „кралевите“ се надеваа дека со жалбата значително ќе ја намалат суспензијата, но останаа со празни раце откако комисијата за жалби ја потврди првичната одлука.
„Кралскиот клуб“ најави дека ќе се жали до Спортскиот административен трибунал, а доколку пропадне и таа опција Винисиус ќе паузира се до завршувањето на наредната репрезентативна пауза.
Имено, тој ќе мора да ги пропушти наредните пресметки со Севиља, Барселона, Расинг Сантандер и Валенсија, а својот камбек во елитното шпанско фудбалско друштво би го имал против Селта, дури на 22 ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА