„Нема пречки за Новак да настапи на Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на Ролан Гарос без никакви проблеми и покрај тоа што и понатаму не е вакциниран против коронаворусот, потврди директорката на гренд-слемот во Париз, Амели Морезмо.

Со оглед на тоа што повеќето држави ги укинуваат мерките против вирусот на српскиот ас ќе му биде дозволено учество на поголемиот дел од турнирите во Европа.

„Со оглед на ситуацијата, нема пречки за Новак да настапи на Отвореното отвенство на Франција“, изјави Морезмо.

Гренд-слемот во Париз ќе се одржи во периодот од 22. мај до 5. јуни, а на него Србинот го брани трофејот.

Се вчитува...